Зошто ќе се одржи расправа во Трибуналот за ECT за мојот случај?
Mental Health Tribunal одлучува дали на пациентите им треба задолжително електроконвулзивно лекување (ECT). Ако вашиот психијатар сака да ви пружи ECT, но вие не можете да дадете информирана согласност, тогаш тој мора да поднесе барање до Mental Health Tribunal за да добие дозвола.
Ние сме независен Трибунал и ќе ви овозможиме праведна расправа.
Што се случува на расправата на Трибуналот за ECT?
Расправата на Трибуналот за ECT е средба на која одлучуваме дали мора да ви се пружи ECT.
- Трите членови на Трибуналот го читаат извештајот од тимот што ве лекува и сите информации што ќе ги дадете.
- Разговараме со вас и со вашиот тим за лекување. Ви поставуваме прашања за вашите мислења и за она што вие го сакате.
- Одлучуваме дали ви треба ECT.
- Ви ја соопштуваме нашата одлука.
Расправите траат околу еден час. Тие се приватни и доверливи.
Трите членови на Трибуналот што присуствуваат на расправите се:
- правник
- психијатар
- член на заедницата.
Како ќе одлучи Трибуналот дали ми треба ECT?
Одлучуваме дали ви треба ECT врз основа на критериумите на Mental Health Act 2014.
Ако сте задолжителен пациент на возраст над 18 години, можеме да одобриме ECT само ако:
- не сте во состојба да дадете информирана согласност, и
- не постои помалку ограничувачки начин да бидете лекувани.
Ако сте доброволен пациент на возраст над 18 години, можеме да одобриме ECT само ако:
- не сте во состојба да дадете информирана согласност,
- не постои помалку ограничувачки начин да бидете лекувани, и
- имате instructional directive со која давате информирана согласност за ECT, или ако вашиот medical treatment decision maker даде информирана согласност за ECT написмено.
Ако сте задолжителен пациент на возраст под 18 години, можеме да одобриме ECT само ако:
- сте дале информирана согласност написмено,
- не сте во состојба да дадете информирана согласност, и
- не постои помалку ограничувачки начин да бидете лекувани.
Ако сте доброволен пациент на возраст под 18 години, можеме да одобриме ECT само ако:
- сте дале информирана согласност написмено.
- не можете да дадете информирана согласност, но лицето што има законско овластување да се согласи дало информирана согласност написмено, и
- не постои помалку ограничувачки начин да бидете лекувани.
Што точно ќе одлучи Трибуналот?
Ако се исполнуваат критериумите, Трибуналот ќе подготви налог дека мора да добиете ECT и ќе одлучи:
- колку долго ќе важи налогот (максималното времетраење е до 6 месеци), и
- колку лекувања одобрува (максималниот број е до 12 лекувања).
Ако критериумите не се исполнуваат, Трибуналот ќе го одбие барањето на вашиот психијатар да ви пружи ECT.
Зошто треба да присуствувам на расправата?
Важно е да присуствувате на расправата за да ни кажете што мислите за лекувањето со ECT. Ако не присуствувате, ќе мора да донесеме одлука во ваше отсуство.
Како да се подготвите за расправата
За да се подготвите, можете да ги направите следните нешта:
- да најдете некого што ќе ви помогне да се подготвите
- да го прочитате извештајот што вашиот тим за лекување го дал за вас
- да планирате што ќе кажете
- да ја понесете вашата advance statement, доколку сте ја подготвиле.
Вашиот тим за лекување ќе поднесе извештај до Трибуналот во кој ќе опише зошто смета дека ви треба ECT. Треба да добиете копија од овој извештај најмалку 2 дена пред расправата. Побарајте копија од вашиот тим за лекување ако не сте ја добиле.
Можете да планирате што сакате да кажете на вашата расправа со подготвување белешки:
- Што разбирате за ECT
- Дали сакате ECT и зошто
- Дали би претпочитале да добиете друго лекување и зошто
- Дали во извештајот постои нешто што сметате дека не е точно.
Побарајте помош
За повеќе информации или за да контактирате со нас
Mental Health Tribunal
1800 242 703
mht@mht.vic.gov.au
www.mht.vic.gov.au
За толкувач
Повикајте нè со толкувач преку Translating and Interpreting Service (TIS National)
131 450
Ако сакате толкувач на расправата, побарајте го од вашата здравствена служба. Ние ќе се погрижиме за трошоците.
За адвокат
Victoria Legal Aid
1300 792 387
Mental Health Legal Centre
(03) 9629 4422
За помош за да разговарате со вашиот тим за лекување
Independent Mental Health Advocacy
1300 947 820
contact@imha.vic.gov.au
За второ мислење од друг психијатар
Psychiatric Second Opinion Service
1300 503 426
intake@secondopinion.org.au