Ако не верувате дека треба да ви се издаде Treatment Order, ги имате следните опции:
Разговарајте со вашиот тим за лекување
Психијатарот што ве лекува може да го откаже (отповика) Treatment Order во секое време.
Побарајте помош за да разговарате со вашиот тим за лекување
Службата Independent Mental Health Advocacy може да ви помогне да разговарате со тимот што ве лекува во врска со она што сакате. Можете да ја повикате на 1300 947 820.
Исто така, некој член на семејството, пријател или негувателот може да ви помогнат за разговарате со вашиот тим за лекување.
Побарајте второ мислење од друг психијатар
Можете да побарате второ мислење за вашето лекување и дали ги исполнувате критериумите за задолжително лекување од друг психијатар.
Можете да побарате второ мислење ако ја повикате Second Psychiatric Opinion Service на 1300 503 426 или ако пратите е-пошта кај Second Psychiatric Opinion Service.
Прашајте зошто донесовме ваква одлука
Можете да нè прашате да ви образложиме написмено зошто Трибуналот ја донесе неговата одлука. Овој документ се нарекува изјава за причини.
Можете да побарате изјава за причини:
- користејќи го нашиот Образец за барање изјава за причини, или
- ако пратите е-пошта кај Mental Health Tribunal.
Ова барање мора да се поднесе во рок од 20 работни дена по вашата расправа.
Ако побарате изјава за причини, ќе пратиме копија и кај вашиот тим за лекување. Ако вашиот тим за лекување побара изјава за причини, ќе ви пратиме копија и вам.
Побарајте правна помош
Можете да побарате совет од адвокат ако контактирате со:
- Victoria Legal Aid - 1300 792 387
- Mental Health Legal Centre - (03) 9629 4422
Исто така, можете да побарате помош и од приватен адвокат.
Побарајте друга расправа на Трибуналот
Ако за вас бил издаден Treatment Order, можете да побарате друга расправа за да го откажете (отповикате) вашиот Order во кое било време.
Можете да побарате друга расправа:
- користејќи го нашиот образец за Барање на друга расправа, или
- ако пратите е-пошта кај Mental Health Tribunal.
Расправата вообичаено се одржува по две недели откако ќе побарате друга расправа.
Поднесете жалба на нашата одлука кај Граѓанскиот и административниот трибунал на Викторија (VCAT)
Можете да поднесете жалба на нашата одлука кај Victorian Civil and Administrative Tribunal (VCAT).
Ова значи дека VCAT ќе одржи расправа за да одлучи дали да го откаже (отповика) или измени вашиот Order.
Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на VCAT.