Што е Mental Health Tribunal (Трибунал за ментално здравје)?
Mental Health Tribunal одлучува дали на пациентите им треба задолжително лекување за менталното здравје (лекување што мора да им се пружи). Ние сме организација независна од вашата служба за здравје и обезбедуваме праведни расправи за да ги заштитиме вашите права.
Што се случува на расправата на Трибуналот?
Расправата на Трибуналот е средба на која одлучуваме дали мора да ви се пружи лекување за менталното здравје.
- Трите членови на Трибуналот го читаат извештајот од тимот што ве лекува и сите информации што ќе ги дадете
- Разговараме со вас и со вашиот тим за лекување. Ви поставуваме прашања за вашите мислења и за она што вие го сакате
- Одлучуваме дали вашето лекување ќе биде задолжително (лекување што мора да ви се пружи)
- Ви ја соопштуваме нашата одлука.
Расправите обично се одржуваат меѓу 9 наутро и 5 попладне. Расправите обично траат еден час (со 40 минути одвоени за дискусија). Тие се одржуваат во приватност и во доверливост.
Трите членови на Трибуналот што присуствуваат на расправите се:
- правник
- психијатар или лекар
- член на заедницата.
Зошто треба да присуствувам на расправата?
Вашата расправа е важна можност да го кажете своето мислење за тоа дали ви треба задолжително лекување. Ако не учествувате, одлука ќе донесеме без вас.
Што точно ќе одлучи Трибуналот?
Може да одлучиме да го откажеме (отповикаме) вашиот Treatment Order. Ако го откажеме вашиот Treatment Order, можете да решите дали ќе го продолжите лекувањето.
Исто така може да одлучиме да донесеме еден од следните налози:
- Community treatment order (Налог за лекување во заедницата) –
мора да се лекувате, но не треба да бидете во болница. Психијатарот кој ве лекува може да го откаже во секое време. - Inpatient treatment order (Налог за лекување во болница) –
мора да бидете во болница и да се лекувате. Психијатарот кој ве лекува може да го откаже овој налог или да го замени со community treatment order во секое време.
Ако имате 18 години или сте постари, treatment order може да биде до 6 месеци.
Ако имате помалку од 18 години treatment order може да биде само до 3 месеци.
Како ќе одлучува Трибуналот?
Ние одлучуваме дали ви е потребен Treatment Order со одговор на овие 4 прашања што се засноваат врз критериумите во Mental Health Act 2014:
- Дали имате ментална болест?
- Дали ви треба лекување за да се спречи сериозно влошување на вашето ментално или физичко здравје, или за да се спречи да се повредите сериозно себеси или друго лице?
- Дали ќе бидете лекувани сега ако имате Treatment Order?
- Дали Treatment Order е единствениот начин да се обезбеди дека ќе го добиете лекувањето што ви треба?
Ако договорот на сите 4 прашања е „да“, тогаш ќе подготвиме Treatment Order.
Ако одговорот на кое било од овие прашања е „не“, ќе го откажеме (отповикаме вашиот Treatment Order.
Како да се подготвите за расправата?
Може да ги направите овие работи за да се подготвите:
- некој да ви помогне да се подготвите
- да го прочитате извештајот што за вас го направил тимот што ве лекува
- да планирате што ќе речете
- Разговарајте со тимот што ве лекува или со Трибуналот за тоа како да учествувате
- Линк за да се вклучите во расправата онлајн ќе биде достапен три дена пред расправата
- Контактирајте со Трибуналот ако сакате по имејл да ви го пратиме линкот за вклучување во расправата
- Поднесете барање до Трибуналот, вклучително ваша изјава за претходни желби (ако ја имате)
Тимот што ве лекува ќе напише извештај зошто мисли дека ви треба задолжително лекување. Примерок од тој извештај треба да добиете најмалку два работни дена пред вашата расправа. Од тимот што ве лекува побарајте примерок на извештајот, ако не сте го добиле.
Може да планирате што ќе речете на расправата со тоа што ќе запишете:
- Ако сте во болница, дали повеќе би сакале да се лекувате во заедницата? Зошто?
- Што би можело да ви помогне да останете добро и кој би можел да ви дава поддршка?
- Дали некој од четирите критериуми за задолжително лекување не важи за вас? Зошто?
- Дали има нешто неточно во извештајот на тимот што ве лекува?
Поднесок до Трибуналот може да направите преку нашиот образец „Што сакам да му речам на Трибуналот“ (What I want to tell the Tribunal) или нашата веб-страница: www.mht.vic.gov.au
Побарајте помош
За повеќе информации или за да контактирате со нас
Mental Health Tribunal
1800 242 703
mht@mht.vic.gov.au
www.mht.vic.gov.au
За толкувач
Повикајте нè со толкувач преку Translating and Interpreting Service (TIS National)
131 450
Ако сакате толкувач на расправата, побарајте го од вашата здравствена служба. Ние ќе се погрижиме за трошоците.
За адвокат
Victoria Legal Aid
1300 792 387
Mental Health Legal Centre
(03) 9629 4422
За помош за да разговарате со вашиот тим за лекување
Independent Mental Health Advocacy
1300 947 820
contact@imha.vic.gov.au
За второ мислење од друг психијатар
Psychiatric Second Opinion Service
1300 503 426
intake@secondopinion.org.au